ОД ОХРИД ДО СКОПЈЕ БАРАЛА ПОМОШ Потресна исповед на бремена медицинска сестра која поминала низ голгота во здравствениот систем

По денови поминати во потрага по медицинска помош, Шавреска раскажува дека на крајот во Аџибадем Систина ја добила грижата која ѝ требала и била примена во родилната сала, каде добила терапија, испитувања и психолошка поддршка.

84

Љубица Шавреска од Охрид, која десет години работи како медицинска сестра, ја сподели својата приказна за бременоста која завршила со загуба на плодот, но во своето потресно сведоштво издвојува и еден добар пример, односно, приемот и третманот што ги добила во болницата „Аџибадем Систина“.

Нејзиното сведоштво, кое го упатила до Министерството за здравство, опфаќа повеќе здравствени установи во кои, како што тврди, барала помош пред бременоста да заврши со загуба на плодот.






Според неа, во 24-тата гестациска недела плус 3 дена од бременоста, почувствувала силни болки и притисок во задниот дел од половината и веднаш се јавила во дежурната служба на гинеколошкото одделение во Охрид. Откако било утврдено дека грлото на матката е значително скратено, таа продолжила да бара установа во која би можела да добие соодветен третман. Додека талкала по билниците, состојбата се влошувала, а нејзе ѝ станало јасно дека не само што ќе го изгуби своето бебе, туку дека е многу веројатно даека ќе го изгуби и сопствениот живот.

Последниот чекор бил болницата „Аџибадем Систина“, од кадешто, според Шавреска, откако стапиле во контакт со болницата, добиле порака веднаш да дојде. Таму била примена во родилната сала, каде што, како што наведува во своето сведоштво, добила терапија, испитувања, медицинска грижа и психолошка поддршка.

– Заминавме за „Систина“. На вратата ме чекаше човек кој за мене ќе остане од Бога испратен спасител — д-р Јосиф Ѓорески. Веднаш ме примија во родилната сала. И покрај огромниот ризик, добив терапија, грижа, разбирање, соодветни испитувања и психолошка поддршка — сè она што му е потребно на човек во момент кога му се руши светот  – пишува Шавреска.

Таа вели дека не бара сожалување ниту одмазда и дека нема да поднесува тужби, туку сака јавно да зборува за она што го доживеала и за начинот на кој била третирана во различните здравствени установи.

Приказната на Шавреска е лично сведоштво за загуба и за часовите во кои, како што самата вели, барала помош. Од сето ова негативно искуство, медицинската сестра го издвојува нејзиното позитивно искуство во „Аџибадем Систина“, како единствен светол момент во текот на целото патешествие.

Поврзани содржини