📽️ ФОН ДЕР ЛАЈЕН НЕ ЗНАЕ КАКО ДА ГИ КРСТИ КОКОШКИТЕ Шефицата на ЕК ја сподели приказната за две слатки пилиња

Тру дена пред да се изведат, една кокошка од друга фарма ги напушти своите јајца. Тие беа брзо ставени во инкубатор и две мали пилиња успеаја да се испилат. Ги ставивме под Чикелета, напиша првата жена на ЕУ и побара совет како да ги крсти пилињата.

82

Претседателката на Европската комисија на Инстаграм ја сподели приказната за две слатки мали пилиња кои растат на нејзината фарма. Во видео кое најверојатно е направено за летниот одмор, таа побара помош за да им даде имиња.

„Помогнете ми да ги именувам овие две преслатки мали пилиња! Нивната приказна е веќе нешто посебно. Нашата кокошка Чикелета не живееше баш најлесно на фармата. Таа претежно се држеше за себе, а другите кокошки ја малтретираа. И таа почна да се размножува, иако немаше ниту едно јајце. Потоа, три дена пред да се изведат, една кокошка од друга фарма ги напушти своите јајца. Тие беа брзо ставени во инкубатор и две мали пилиња успеаја да се испилат. Ги ставивме под Чикелета“, напиша првата жена на ЕУ за време на летните горештини.

 






Поврзани содржини