3 НУКЛЕАРНИ РЕАКТОРИ ВО ФРАНЦИЈА ИСКЛУЧЕНИ ПОРАДИ МЕДУЗИ Како морските натрапници ја „нападнаа“ најголемата централа?

ЕДФ уверува дека нема безбедносен ризик, а Гравелин и минатата година имал сличен проблем со медузи во филтрациските системи.

0

Медузи сериозно ја нарушиле работата на најголемата нуклеарна централа во Франција, Гравелин, на северниот брег. Три реактори биле целосно исклучени, а четвртиот работел со намален капацитет, соопшти операторот ЕДФ.

Еден од шесте реактори веќе бил на редовно одржување. Така, само еден реактор во централата продолжил да работи нормално.






ЕДФ соопшти дека необичната ситуација не претставува безбедносен ризик. Нема опасност за централата, персоналот или за животната средина.

Компанијата не објаснила точно каде се појавиле медузите. Не соопштила ниту како конкретно го нарушиле функционирањето на централата.

Медузите веќе еднаш ги запреле реакторите

Гравелин се соочил со сличен проблем и минатата година. Големи количества медузи тогаш завршиле во филтрациските системи на пумпните станици.

Реакторите повторно биле пуштени по прекин од неколку дена.

Гравелин е една од речиси 20 нуклеарни централи во Франција. Се наоѓа приближно на половина пат меѓу Кале и Денкерк, пренесе ДПА.

Поврзани содржини