🎥 СЕ ОТКАЧИЛ КРАН И ПАДНАЛ ВО ИНДУСТРИСКА ПЕЧКА Во турската челичарница загина 16 луѓе

Најмалку 16 луѓе денеска загинаа во експлозија во фабрика за железо и челик, во турскиот пристаништен град Алиага, соопшти претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

0

Најмалку 16 луѓе денеска загинаа во експлозија во фабрика за железо и челик, во турскиот пристаништен град Алиага, соопшти претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Уште 13 работници се повредени, од кои двајца потешко, рече Ердоган во Анкара. Тој додаде дека е покрената истрага.






 

Спасувачките екипи го поминаа денот барајќи луѓе заглавени под урнатините. Не е јасно дали сè уште има затрупани лица.

Експлозијата се случи доцна претпладнето кога кран се откачил и паднал во индустриска печка за време на операции на леење, според канцеларијата на гувернерот на Измир.

Градоначалникот на Измир Џемил Тугај напиша на Икс дека целиот број загинати и повредени ќе стане сигурен дури откако ќе се исчистат урнатините.

Алиага е еден од главните индустриски центри во Турција со капацитети за рециклирање бродови, рафинерија за нафта, хемиски фабрики и челичарници.

Поврзани содржини