ТИРАНА ПРОГЛАСИ ЗА НЕПОЖЕЛНИ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ ОД МАКЕДОНИЈА Едниот бил шеф на кабинет на министер за здравство

Станува збор за имамот Бекир Халими и политичкиот аналитичар и поранешен политички активист Валон (Ваљон) Белја.

317

Министерството за внатрешни работи на Албанија прогласи за „персона нон грата“ уште двајца Албанци од Македонија, поради сомневања дека вршеле активности спротивни на интересите на албанската држава.

Станува збор за имамот Бекир Халими и политичкиот аналитичар и поранешен политички активист Валон (Ваљон) Белја.






Според информациите, по предлог на Дирекцијата за борба против тероризмот, Министерството за внатрешни работи на Албанија ги ставило двајцата на листата непожелни лица.

Имамот Бекир Халими во 2016 година бил исклучен од Исламската верска заедница на Македонија по несогласувања со раководството на институцијата.

Валон Белја е познат како политички аналитичар и поранешен политички активист, кој често коментира политички случувања во регионот. Во минатото бил шеф на кабинет на министерот за здравство во Македонија.

Одлуката за нивното прогласување за „нон грата“ следувала по информации на антитерористичките служби дека тие претставуваат закана за безбедноста на земјата и граѓаните на Албанија. Наредбата на министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, била испратена до Државната полиција и граничните структури за спроведување.

Претходно, на 25 јуни, Министерството за внатрешни работи на Албанија ја прогласи за „нон грата“ и Икбале Худути, државјанка на Косово, која според албанските власти има блиски врски со иранскиот режим. Со одлука на министерот Ламалари, на Худути ѝ бил забранет влез во Албанија во период од 15 години.

Поврзани содржини