ЗОШТО ФИЛИПЧЕ КАКО МИНИСТЕР ЗА ЗДРАВСТВО МОЛЧЕЛ ЗА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР Знаел дека водата е загадена, не презел ништо

ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека со анализи од 2020 до 2023 година е утврдено дека водата од гостиварскиот водовод е неисправна за пиење поради бактерии, но тогашниот министер за здравство Венко Филипче и СДСМ не реагирале соодветно.

99

Хипокритот Филипче да не глуми како во политиката да е од вчера  – дава лицемерни изјави и се однесува како јавноста да страда од колективна амнезија, порача ВМРО-ДПМНЕ.

„Постојат документи од времето кога Филипче беше дел од владата на Зоран Заев и министер за здравство, документи кои укажуваат на сериозни проблеми и нерегуларности. Тие проблеми денес излегуваат на површина. Наместо да се однесува очајнички, за да присобере некој поен, оти партијата на која е лидер е во слободен пад, сега е должен да одговори на јавноста зошто кога бил министер молчел и не делел лекции, а сепак постоеле индиции дека водата за пиење во Гостивар не ги задоволувала законските стандарди“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.






Инаку, се додава во соопштението, не е ова одлика само на Филипче, туку и на целата СДСМ, затоа што проблемот продолжил и откако Филипче веќе не бил министер.

„Во документите стои дека на 11.11.2020 година микробиолошката анализа покажала зголемен број на колиформни бактерии и констатирала дека водата не треба да се користи за пиење. На 15.2.2021 и 1.3.2021, повторно било констатирано дека водата не ги задоволува критериумите согласно правилниците за безбедност и квалитет на водата за пиење. На 11.7.2022 година, водата за пиење доставена од ЈП „Комуналец“ Гостивар не одговарала за употреба поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. На 29.6.2023 година повторно била констатирана неисправност поради бактериски колонии. На 4.08.2023 година повторно било утврдено дека водата за пиење не одговара поради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Ама на ова, ни Филипче ни СДСМ како тогашна владејачка партија, не реагирале соодветно, додава ВМРО-ДПМНЕ.

„А и сега не реагираат соодветно, туку само се обидуваат да продадат своја верзија на случајот со намера дека тоа ќе им донесе политички поени. Одговорност од градоначалникот на Гостивар, Валбон Лимани, не бараат оти коалицијата СДСМ-ДУИ-Таравари не може да се раздели, па и во опозиција делува заеднички, против народот“, се вели во соопштението.

Филипче да даде јасен одговор и недвосмислен на јавноста зошто молчел за време на неговиот мандат како министер за здравство, повикува ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова не е времето на Зоран Заев и криминалната СДСМ кога се игнорираа вакви случаи. Во тек е официјална постапка за утврдување на сите околности поврзани со случајот. Надлежните институции детално ја разгледуваат целокупната документација и ги проверуваат сите релевантни факти. Лицата за кои постои сомневање за најголема одговорност веќе се лишени од слобода. Истрагата продолжува, се преземаат сите неопходни активности за целосно расветлување на случајот, а јавноста ќе биде навремено информирана и добива соодветни препораки и насоки врз основа на резултатите од анализите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини