МАЛОЛЕТНИК НАПАДНАТ ОД МАЈКА МУ И СЕСТРА МУ Сестрата го удирала со тврд предмет

Во полицијата во Гостивар случајот го пријавила тетка на малолетникот.

1

Случај на физички напад врз малолетник е пријавен во полицијата во Гостивар, откако неговата тетка пријавила дека малолетникот бил нападнат од мајка му и сестра му.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 1 ноември 2026 година, во 14:50 часот, 45-годишна жена од Гостивар пријавила дека претходната вечер, околу 23:30 часот, по расправија, нејзиниот малолетен внук бил физички нападнат од мајка му и сестра му. Притоа, сестрата употребила тврд предмет.






Поврзани содржини