УЗУРПАТОРКАТА НА КУКЛИЦА ЗАВРШИ ВО ПРИТВОР Ги нападнала полицајците кои имале задача да ја приведат

Јавниот обвинител го имаше предвид и фактот дека против ова лице веќе е во тек постапка за продолжено кривично дело узурпација на локалитетот Куклица, во која и се изречени мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана да ја посетува локацијата, меѓутоа таа одбегнува да го прими и почитува решението, соопшти Обвинителството.

1

Стојна Димитровска Бут, узурпаторката на локалитетот Куклица, заврши во притвор.

„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до надлежниот суд поднесе предлог за определување мерка притвор за 41-годишна жителка на Кратово, која беше лишена од слобода вчера и за која се водат постапки за спречување на службени лица во вршење службени дејствија и за узурпација. Осомничената подолг период, и покрај сите досега преземени мерки, продолжува да го узурпира локалитетот Куклица, кој со указ е прогласен за споменик на природата, да им наплаќа влезници на посетителите без правен основ, да се расправа со нив и да им се заканува, со што постојано го нарушува јавниот ред и мир. При последниот инцидент осомничената презела и дејствија на кривично дело Спречување службено лице во вршење службено дејствие од член 382, став 3 од Кривичниот законик, односно физички ги нападнала и ги спречила полициските службеници кои се обиделе да ја легитимираат и да ја приведат“, соопшти Јавното обвинителство.






Јавниот обвинител го имаше предвид и фактот дека против ова лице веќе е во тек постапка за продолжено кривично дело узурпација на локалитетот Куклица, во која и се изречени мерки на претпазливост, вклучувајќи и забрана да ја посетува локацијата, меѓутоа таа одбегнува да го прими и почитува решението. Исто така, додава Обвинителството, осомничената заедно со нејзиниот сопруг и претходно учествувала во дејствија на спречување службено лице во вршење службено дејствие кон пазарни инспектори.

„Од тие причини кои укажуваат на опасност од бегство, но и на јасна тенденција осомничената да продолжи да врши кривични дела, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот на јавниот обвинител е прифатен и судот со решение ја определи притворската мерка“, соопшти Јавното обвинителство.

УАПСЕНА „ГАЗДАРИЦАТА“ НА „КАМЕНИТЕ КУКЛИ“ Стојна Димитровска Бут тепала туристи

Поврзани содржини