📽️ „КОЈ ГО ШИША ТОСТОТ СО АВОКАДО, ОВА Е БАЛКАНСКИ СТИЛ“ Дуа Липа во 5 наутро јадеше плескавица, видеото стана хит
Светската пејачка по настапот на „Sunny Hill Festival“ во Приштина се опуштила со традиционална балканска храна, а видеото веднаш стана хит на социјалните мрежи.
Снимката на Дуа Липа како во пет часот наутро во Приштина јаде плескавица брзо се прошири на социјалните мрежи. Популарната пејачка по ноќното излегување се почестила со омилен балкански специјалитет, а друштво ѝ правела сестра ѝ Рина.
Додека ја јадела плескавицата, Дуа во шега рече: „Кој го шиша тостот со авокадо“. Во еден момент сестра ѝ ѝ зема залак, а потоа двете го покажале екранот од мобилниот телефон на кој пишувало 4:30 часот.
– Време е за појадок. Балкански стил – се пошегува Дуа.
View this post on Instagram
Видеото предизвика големо внимание на интернет, а многумина коментираа дека пејачката по излегувањето се однесувала како голем дел од луѓето на Балканот – со плескавица пред да си замине дома.
Токму оваа снимка привлече повеќе внимание од деловите од настапите на светски ѕвезди, меѓу кои и Кејти Пери, кои Дуа Липа исто така ги споделуваше на своите профили.
Британската пејачка со албанско потекло престојува на Косово по повод фестивалот „Sunny Hill“, кој го организира заедно со својот татко преку нивната хуманитарна фондација „Sunny Hill Foundation“.
Приходите од фестивалот се наменети за хуманитарни организации, културни проекти и програми за поддршка на младите на Косово.