🎥 УКРАИНСКИ ДРОН ПОГОДИ ПЛАЖА ВО РУСИЈА Го меркале Путин, а убија пет лица, меѓу нив и дете?!

Инцидентот се случил во близина на резиденцијата што медиумите ја поврзуваат со рускиот претседател Владимир Путин кај Геленџик. Засега не е познато дали таа област била цел на нападот или дронот бил насочен кон друга локација.

956

Пет лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во напад со украински дрон врз плажа во руското црноморско летувалиште Архипо-Осиповка, во близина на Геленџик. Според руските власти, дронот бил пресретнат од противвоздушната одбрана, но неговите остатоци паднале врз капачите, предизвикувајќи смртоносни последици и паника меѓу туристите.

Во нападот се повредени и повеќе лица, а на местото веднаш пристигнале екипи на итната медицинска помош и спасувачките служби. На социјалните мрежи се појавија видеоснимки на кои се гледа како луѓето во паника бегаат од плажата по експлозијата.






Инцидентот се случил во близина на резиденцијата што медиумите ја поврзуваат со рускиот претседател Владимир Путин кај Геленџик. Засега не е познато дали таа област била цел на нападот или дронот бил насочен кон друга локација.

Нападот е дел од новиот бран украински удари со беспилотни летала длабоко на руска територија. Во изминатите денови дронови погодија повеќе региони, при што загинаа цивили и беа оштетени индустриски и логистички објекти, додека Москва соопшти дека соборила стотици украински беспилотни летала.

Војната меѓу Русија и Украина сè почесто се пренесува далеку од линијата на фронтот, а нападите со дронови врз цивилни и инфраструктурни цели од двете страни стануваат сè почести, со растечки број жртви и материјални штети.

Поврзани содржини