📽️ (ВОЗНЕМИРУВАЧКО) НЕМИЛОСРДНО НАСИЛСТВО ВО ГОСТИВАР Момче падна по удар во глава, па продолжија да го удираат со прачка
Вознемирувачка снимка што се појави на социјалните мрежи прикажува жестока тепачка меѓу поголема група млади лица. На видеото се гледа како едно момче е брутално нападнато, а засега нема официјални информации за неговата здравствена состојба.
Вознемирувачка снимка што се шири на социјалните мрежи прикажува брутална тепачка меѓу поголема група млади лица на улица во Гостивар.
Според видеото, едно од момчињата добива силен удар со нога во главата, по што паѓа на асфалтот и останува неподвижно. И покрај тоа што лежи на земја, нападот продолжува. Видеото од нападот можете да го погледнете на следниот ЛИНК.
На снимката се гледа како едно од присутните лица му приоѓа на момчето и почнува да го удира со дрвена прачка. Од силината на ударите прачката се крши, а нападот предизвика бурни реакции и осуди на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Во моментов не се познати причините што довеле до тепачката, ниту каква е здравствената состојба на повреденото момче.
Се очекува Министерството за внатрешни работи да се огласи со официјални информации за случајот и да соопшти дали се идентификувани учесниците, како и кои мерки ќе бидат преземени.