🎥 ГВИНЕТ ПАЛТРОУ ВОЗБУДЕНО ДЕБИТИРАШЕ НА ТИКТОК Првото видео го сними и топлес, па сега вие видете…

„Изгледа дека сега сум на ТикТок“, напиша актерката во описот на својата прва објава, која потоа ја сподели и на Инстаграм. Иако досега не објавувала на личен профил, таа и претходно се појавуваше во видеа на официјалниот профил на нејзиниот бренд Goop.

317

Холивудската актерка и добитничка на Оскар, 53-годишната Гвинет Палтроу, конечно отвори личен профил на ТикТок, а нејзината прва објава веднаш предизвика големо внимание. Во краткото видео, снимено на различни локации низ Европа, се појавуваат и неколку кратки сцени во кои актерката е топлес, додека лежи во кревет или се релаксира во када.

Видеото е направено во препознатлив, самоироничен стил. Палтроу се снима на брод, во хеликоптер, авион, музеј, во Париз и во Италија, постојано повторувајќи ја реченицата „Само момент, снимам ТикТок“, на англиски, француски и италијански јазик. На крајот, низ смеа, изговара: „Може ли конечно да го снимам овој проклет ТикТок?“






@goop A morning with Gwyneth, timestamped. #goop ♬ original sound – Goop


„Изгледа дека сега сум на ТикТок“, напиша актерката во описот на својата прва објава, која потоа ја сподели и на Инстаграм. Иако досега не објавувала на личен профил, таа и претходно се појавуваше во видеа на официјалниот профил на нејзиниот бренд Goop.

Палтроу последниве години е многу повеќе посветена на развојот на Goop – бренд за животен стил и велнес, отколку на актерската кариера. Неодамна го промовираше и новиот унисекс гел за туширање на компанијата, а годинава повторно се враќа и на филмското платно со улога во филмот „Marty Supreme“.

Гвинет Палтроу е родена во 1972 година во Лос Анџелес. Светска слава стекна со улогите во филмовите „Shakespeare in Love“, за кој го освои Оскарот за најдобра актерка, „Seven“, „The Talented Mr. Ripley“ и серијалот „Iron Man“, каде ја играше Пепер Потс.

Поврзани содржини