ПУКНАТА ГУМА НА АВИОН ДВА ЧАСА ЈА БЛОКИРА ПИСТАТА НА АЕРОДРОМОТ ВО СПЛИТ Нема повредени патници, а штетата на авионот е мала

Агенцијата за истрага на воздушни, поморски и железнички несреќи објави дека започнува безбедносна истрага за сериозната несреќа.

270

Пистата на аеродромот во Сплит е повторно отворена по инцидентот што се случи попладнето за време на слетувањето на авионот на Иберија од Мадрид. Станува збор за Ербас А320 на кој  додека слетувал  во Сплит му пукнала гума, поради што авионот останал запрен на пистата неколку часа.

Во авионот имало 172 патници и шест члена на екипажот. Нема повредени.






– Сите патници се безбедно симнати и испратени на патничкиот терминал за да го земат багажот и да го продолжат патувањето – изјави за Хина Мате Мелван, раководител на Службата за прием и испраќање на аеродромот во Сплит.

Поради отстранувањето на авионот и проверката на условите за континуиран сообраќај, пистата беше привремено затворена. Таа беше повторно отворена во 18.30 часот.

Агенцијата за истрага на воздушни, поморски и железнички несреќи објави дека започнува безбедносна истрага за сериозната несреќа.

Според соопштението за медиумите на Агенцијата, на авионот е причинета мала материјална штета, а за инцидентот веднаш биле известени од аеродромот во Сплит и од ОКЦ на Министерството за внатрешни работи.

Воздушниот сообраќај на аеродромот во Сплит беше привремено прекинат и во петокот поради појава на дрон во близина на пистата.

Поврзани содржини