МОРТУС ПИЈАНИ СРБИНКИ И ЖИТЕЛ НА КАЛИШТА СЕ СКАРАЛЕ И СИ РАЗМЕНИЛЕ ТУПАНИЦИ Полицијата ги приведе
Полицијата им извршила алкотестирање, по што е утврдено дека кај двете Србинки се констатирани 2,21 односно 2,18 промили алкохол, додека кај жителот на село Калишта биле регистрирани 1,52 промили алкохол во крвта.
Две Србинки и жител на охридското село Калишта вчера прво добро се напиле, па се скарале и меѓусебно си размениле тупаници. Полицијата ги приведе и им подготвува пријави.
Според соопштението на МВР приведени се Н.Ш.(42) од струшкото село Калишта, Ј.Ц.(45) од Лесковац, Република Србија и Н.Б.(30) од Крушевац, Република Србија.
Полицијата реагирала откако им дошла пријава дека пред угостителски објект тројцата кои биле пијани се карале и се степале.
Според информацијата на полицијата прво се степале српските државјанки, а потоа калиштанецот ја нападнал девојката ов Крушевац.