ЗА ТРОЈЦА ПАЦИЕНТИ СЕ ЧЕКААТ ИЗВЕШТАИТЕ ОД ИСПИТУВАЊАТА ЗА ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Здравствените власти информираат дека состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна
На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања.
Денеска нема нови потврдени случаи на западнонилска треска, но има тројца пациенти кај кои има сомнежи за заразување со болеста информира Министерството за здравство.
Во однос на епидемијата во Гостивар, оттаму наведуваат дека состојбата е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции.
– На Клиниката за инфективни болести се примени тројца пациенти кај кои постои сомнение за заболувањето и за кои се очекуваат резултатите од лабораториските испитувања – велат од Министерството за здравство.
Во однос на ситуацијата во Гостивар од министерството информираат дека вчера се регистрирани вкупно 60 први прегледи. Иако е забележано дневно зголемување, вкупниот тренд останува значително понизок во споредба со пикот од 18 јули, кога беа евидентирани 649 прегледи.
Од 14 до 31 јули се регистрирани вкупно 4.543 први прегледи. Досега се примени 1.028 формални пријави за заразна болест и изработени се 730 нови епидемиолошки анкети, со опфат од 71%.
