ЈАВНИОТ И ДРЖАВНИОТ ДОЛГ СЕ НАМАЛУВААТ, А ИНДУСТРИСКОТО ПРОИЗВОДСТВО СЕ ЗГОЛЕМУВА Мицкоски оцени дека тоа е резултат на двегодишната напорна работа

Премиерот вели дека овие резултати се ложа вест за опозицијата која 7 години ја урнисуваше економијата.

0

Имаме намалување и на државниот и на јавниот долг во вториот квартал и сега сме, би рекол, посебно за државниот долг, на ниво коешто, е најниско од после короната. Имаме намалување за нешто повеќе од 40-тина милиони евра кај државниот и нешто повеќе од 20-тина милиони евра кај јавниот долг во вториот квартал од годината и имаме зголемување на индустриското производство во јуни месец од 6,5% или, ако се земе вториот квартал, е 4%, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Дебар.

Според Мицкоски, тоа се уште неколку лоши вести за опозицијата и оние коишто се молат и сакаат да не успее оваа држава.






-​Тоа не се добри вести за оние коишто не сакаат да успее оваа земја. Тоа се лоши вести за опозицијата, којашто секој ден конструира, измислува, создава хистерија во општеството, а во суштина сите овие наследени проблеми, односно урнисана држава, ограбена држава, засрамена држава, понижена држава е резултат на оние седум години СДСМ и ДУИ- рече Мицкоски.

Тој нагласи дека како Влада ќе сторат сè што е во нивна моќ тоа да го санираат и, според него, тоа се уште многу лоши вести за опозицијата во периодот што доаѓа.

-Тоа се добри вести за граѓаните, односно успеси за државата, за општините и и за граѓаните. ​И ние како Влада ќе продолжиме така да функционираме во периодот којшто којшто следи. Така што индикаторите на две години напорна работа полека, но сигурно стануваат видливи, успесите доаѓаат и добрите времиња се се пред нас- рече Мицкоски во Дебар, каде што присуствуваше на доделување 47 станови за социјално загрозени категории граѓани.

Поврзани содржини