🎥 ПОЖАР ВО ХРАМОТ СВЕТИ ВАСИЛИЈ ВО МОСКВА Историскиот музеј соопшти дека нема штета во внатрешноста на храмот

Според првите информации, пожарот зафатил просторија со површина од околу десет квадратни метри, каде што изгореле мебел и лични предмети. Засега нема информации за повредените, а причината за пожарот сè уште не е официјално објавена.

62

Ноќеска избувна пожар во храмот  Свети Василиј Блажени на Црвениот плоштад во Москва, еден од најпрепознатливите симболи на Русија и место на светското наследство на УНЕСКО. Пожарот  брзо беше ставен под контрола, објави руската државна новинска агенција ТАСС.

Пожарот избувнал околу 00.30 часот во службената просторија на објектот. На местото на настанот веднаш биле испратени противпожарни екипи, кои го локализирале и изгаснале.






Државниот историски музеј, во кој спаѓа и Храмот на Василиј Блажени, објави дека пожарот не предизвикал никаква штета во внатрешноста на храмот.

„Во 00.30 часот наутро, пожар избувнал во службената просторија на Покровскиот собор. Тој бил брзо изгаснат од противпожарните екипи кои одговориле на повикот на службите за итни случаи на музејот. Внатрешноста на соборот и неговите светилишта не се оштетени“, изјавија од музејот за ТАСС.

Според првите информации, пожарот зафатил просторија со површина од околу десет квадратни метри, каде што изгореле мебел и лични предмети. Засега нема информации за повредените, а причината за пожарот сè уште не е официјално објавена.

Храмот на Василиј Блажени, познат и како Покровски Сабор, е изграден помеѓу 1555 и 1561 година по наредба на царот Иван Грозни за да се одбележи освојувањето на Казањ. Денес функционира првенствено како музеј, иако повремено е домаќин на верски служби.

Поврзани содржини