МОСКВА ОЧЕКУВА ДА ПРОДОЛЖИ СОРАБОТКАТА СО БЕЛГРАД Песков уверен дека Вучиќ и како опозиционер ќе ги развива руско-српските односи

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изрази надеж дека новата политичка сила што ќе ја преземе власта во Србија ќе разбере дека соработката со Москва е корисна за Белград.

0

Русија денеска соопшти дека ќе продолжи да ги развива своите односи со Србија и покрај поразот на сојузникот на Москва, Александар Вучиќ на вчерашните предвремени парламентарни избори.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изрази надеж дека новата политичка сила што ќе ја преземе власта во Србија ќе разбере дека соработката со Москва е корисна за Белград.






– Ние планираме да продолжиме да придонесуваме на секој начин за развојот на нашите односи со Белград, но како што знаете за танго се потребни двајца – рече Песков.

Тој нагласи дека Москва се надева дека поранешниот српски претседател и лидер на Српската напредна партија (СНС), Александар Вучиќ, ќе продолжи да придонесува за развојот на билатералните односи со Русија.

– Знаеме дека Вучиќ ќе остане на политичката сцена и се надеваме дека дури и од опозицијата, тој сепак ќе придонесе за развојот на билатералните односи – посочи Песков.

Поврзани содржини