🎥 СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ВО НЕАПОЛ Огромни карпи смачкаа автомобили, се урнаа ридови и делови од зградите

Италијанската противпожарна служба доби неколку повици поради пукнатини, паѓање на делови од фасади и други оштетувања на зградите. Нема потврдени информации за загинати или сериозно повредени.

136

Земјотрес со јачина од 4,7 степени ја погоди вечерва областа Кампи Флегреи во близина на Неапол. Потресите предизвикаа прекини во електричната енергија, го нарушија железничкиот и метро сообраќајот и оштетија некои згради, објавија локалните власти.

Жителите во паника излегоа на улиците.






Земјотресот е регистриран во 19:46 часот по локално време. Италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија објави дека епицентарот бил во областа Кампи Флегреи, западно од Неапол, на длабочина од околу три километри.

Италијанската противпожарна служба доби неколку повици поради пукнатини, паѓање на делови од фасади и други оштетувања на зградите. Нема потврдени информации за загинати или сериозно повредени. Поради земјотресот, имаше прекини во снабдувањето со електрична енергија, а железничкиот и метро сообраќајот во дел од областа на Неапол беше привремено запрен или забавен за да можат службите да ги проверат пругите, тунелите и другата инфраструктура.

Италијанските медиуми објавија дека станува збор за еден од најсилните земјотреси што некогаш биле регистрирани во областа.

 

 

Кампи Флегреи е густо населен голем вулкански кратер, или калдера, кој се протега на голем дел од западен Неапол. Во последниве години, во таа област е регистрирана сè почеста сеизмичка активност. Иако помалите потреси се вообичаени таму, посилните потреси како овој поттикнуваат стравувања од повторување на кризата од почетокот на 1980-тите, кога земјотресите предизвикаа големи проблеми и принудија илјадници луѓе привремено да емигрираат.

Земјотресите се релативно чести во Италија. Серија силни земјотреси ја погодија централна Италија во 2016 година, кога делови од регионите Лацио, Умбрија и Марке беа опустошени. Околу 300 луѓе загинаа во тие земјотреси.

Најсмртоносниот земјотрес во последните неколку децении се случи во ноември 1980 година. Потрес со јачина од 6,9 степени ја погоди областа Ирпина во јужна Италија, при што загинаа околу 2.700 луѓе и беа уништени стотици места.

По  овој силен земјотрес, уште еден потрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Италија.

Поврзани содржини