ПРОГЛАСЕНА КРИЗНА СОСТОЈБА ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД ПОЖАРИ Центарот за кризи ќе биде во постојано заседавање

Одлуката е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и замаксимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите на граѓаните, нивниот имот и природните ресурси, соопшти Владата.

1

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата поради зголемените ризици и опасности од пожари на отворен простор и шумски пожари, во времетраење од 30 дена, почнувајќи од утре.

Одлуката, соопшти Владата, е донесена со цел навремено, координирано и ефикасно справување со состојбата на терен, како и замаксимално мобилизирање на сите расположливи институционални капацитети за заштита на животите на граѓаните, нивниот имот и природните ресурси.






„Во рамките на донесената одлука се предвидува активирање на Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе биде во постојано заседавање и во рок од 24 часа ќе изготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на расположливите човечки и материјално-технички ресурси, како и план за координирано дејствување на сите надлежни институции. Владата ги задолжи сите органи на државната управа да постапуваат согласно со прописите за управување со кризи и во целост да ги стават на располагање своите капацитети, со цел навремена и ефикасна реакција на терен“, информира владината прес-служба.

Поврзани содржини