ВОЗАЧ НА ЈСП НАПАДНАТ ПРЕД ПАТНИЦИТЕ Полицијата трага по напаѓачот

Инцидентот се случил во Кисела Вода, а полицијата трага по напаѓачот кој физички нападнал 59-годишен возач на автобус.

53

Возач на автобус на ЈСП бил физички нападнат од патник додека бил на работното место, информира Министерството за внатрешни работи.

Според информациите, 59-годишниот М.С. од скопското село Бардовци, кој работи како возач на автобус во ЈСП, во четвртокот го пријавил случајот во СВР Скопје.






Нападот, според пријавата, се случил претходната вечер, околу 22 часот, на автобуска постојка во скопската населба Кисела Вода.

Додека ги извршувал своите работни задачи, возачот бил физички нападнат од едно лице кое претходно се превезувало во автобусот.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и за пронаоѓање на напаѓачот.

Поврзани содржини