📽️ ЕРУПТИРАШЕ ЕТНА, ОБЛАКОТ ДОСТИГНА 7 КИЛОМЕТРИ Вулканот исфрли пепел високо над Сицилија

Облак од вулканска пепел се издигна на околу седум километри височина, а пепел веќе паѓа во делови од Сицилија. Научниците внимателно ја следат активноста на вулканот.

89

Вулканот Етна на италијанскиот остров Сицилија повторно се активираше, а облак од вулканска пепел се издигна на височина од околу седум километри, јавуваат италијанските медиуми.

Пепел веќе паѓа во местото Бронте, додека облакот се движи кон западниот дел на вулканот.

 






Научниците соопштија дека во меѓувреме престанало истекувањето на лава од кратерот Вораџине, а стромболската вулканска активност значително ослабнала.

 

Според податоците на Опсерваторијата за Етна при Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) во Катанија, за време на најинтензивната фаза од ерупцијата од кратерот Вораџине се спуштил помал пирокластичен тек кон долината Вале дел Бове.

 

Од Опсерваторијата додаваат дека просечната амплитуда на вулканскиот тремор нагло се намалила по утринскиот пораст, но и натаму останува на високо ниво, што укажува дека вулканот сè уште е активен.

Поврзани содржини