КЕЈТИ ПЕРИ ОСТАНА ЗАГЛАВЕНА ВО ОГРОМНО ШИШЕ СРЕДЕ ПУБЛИКАТА „Вратете ме на сцената!“

Додека ја изведуваше песната „I kissed a girl“, 41-годишната пејачка влезе во огромното шише на надувување, кое требаше да биде оттуркано низ публиката до голема сламка поставена покрај сцената.

73

Настапот на поп-ѕвездата Кејти Пери на фестивал во Малта накратко се претвори во вистински хаос, откако остана заглавена во огромно пластично шише кое публиката го носеше над своите глави.

Додека ја изведуваше песната „I kissed a girl“, 41-годишната пејачка влезе во огромното шише на надувување, кое требаше да биде оттуркано низ публиката до голема сламка поставена покрај сцената.






Но, наместо кон сцената, обожавателите несвесно почнаа да ја движат во спротивна насока – кон задниот дел од публиката.

– Однесете ме до таа сламка – им довикуваше Пери на фановите, покажувајќи кон сцената.

Видеа од инцидентот се шират на социјалните мрежи.

Се гледа како пејачка се обидува со рацете да ја насочи публиката во вистинскиот правец, но шишето продолжило да се оддалечува.

– Ајде, продолжете! Вратете се кон сцената! О, Боже! – извика таа затворена во шишето.

За среќа, по кратката забуна, публиката успеа да ја врати назад до сцената, по што Кејти Пери безбедно го продолжи концертот.

– Ви благодарам што ме вративте – ѝрече на публиката откако ја завршила песната.

Ова не е првпат пејачката да доживее незгода за време на настап. Минатото лето, за време на турнејата „Лајфтајмс“, таа за малку ќе паднеше од летечки сценски реквизит во облик на огромна пеперутка за време на концерт во Сан Франциско, откако механизмот ненадејно откажа.

Во август 2025 година, таа објави фотографии од крвавите и изгребани колена што ги заработе за време на седуммесечната турнеја поради сложените кореографии.

Поврзани содржини