ПОВЕЌЕ ОД 35.000 ГРАЃАНИ НЕ УСПЕАЛЕ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ НА Е-ДАНОЧНИ УСЛУГИ Што треба да направат?

УЈП ги повика овие граѓани да ја завршат постапката за регистрација.

158

Управата за јавни приходи соопшти дека повеќе од 35.000 граѓани поднеле барање за регистрација на кориснички профил на даночен обврзник – физичко лице, е-Даночни услуги (Е-ППД) но постапката за регистрација не успеале да ја завршат во целост.

За да ја завршат постапката, според УЈП, тие треба да појдат до надлежната канцеларија на Управата. Притоа треба да понесат и  важечки документ за идентификација, за да може овластеното службено лице да ја одобри регистрацијата.






Од Управата велат дека овие граѓани веќе добиле и електронската пошта преку  [email protected] со насока за понатамошно  постапување.

Од управата дополнуваат дека преку корисничкиот профил во системот е-Даночни услуги, граѓаните можат да имаат  увид во податоците од годишна даночна пријава за данок на личен доход, да добијат уверенија за остварен доход од УЈП и други институции и да го остварат правото на поврат на дел од ДДВ за скенирани сметки.

 

Поврзани содржини