ТРАМП Е БЕСЕН НА НАФТЕНИТЕ ГИГАНТИ Бара истрага за високите цени на горивата во САД
Американскиот претседател очекува цените на бензинот да почнат да паѓаат многу побрзо отколку што е случајот во моментов.
Претседателот на САД Доналд Трамп ги обвини големите нафтени компании дека не ги намалуваат цените на горивата на бензинските пумпи и покрај, како што изјави, значителниот пад на цените на нафтата на пазарот.
Тој оцени дека потрошувачите се оштетени на овој начин и објави дека му наложил на Министерството за правда на САД веднаш да започне истрага за ова прашање.
„Големите нафтени компании не ја намалуваат цената на пумпите во согласност со значително пониските цени што ги плаќаат за нафта. Тие цени паѓаат како карпа! Со други зборови, клиентите се „измамени“. Му наложив на Министерството за правда веднаш да започне истрага за ова. Цените на бензинот треба да почнат да паѓаат многу побрзо отколку што можам да видам!“, напиша Трамп во објава на Truth Social.
Економските експерти во САД пак велат дека ќе бидат потребни неколку ннедели падот на цените на нафтата да се одрази и на цените на бензините.
Карен Јанг, виш истражувач во Центарот за глобална енергетска политика на Универзитетот Колумбија, ја опиша објавата како „политички театар“, истакнувајќи дека „така не функционираат цените на бензинот во САД“.
-Постојат државни и локални даноци кои се однесуваат на цената на бензинот на бензинските пумпи во Соединетите Американски Држави. Навистина зависи од рафинериите и потребни се неколку недели пред цените на суровата нафта да се намалат, потоа цените на рафинериите, па потрошувачите пред навистина да можат да реагираат – изјави Јанг за „Access Middle East“ на CNBC.