ГО ПРЕГАЗИЛ 1,5-ГОДИШНИОТ СИН СО ТРАКТОР Тешка несреќа во Србија, детето се бори за живот

Несреќата се случила во дворот на семејната куќа во белградската општина Грочка, додека таткото го стартувал тракторот со намера на него да поврзе работна машина.

90

 

Татко го прегазил 1,5-годишниот син со трактор во Србија.






Тешката несреќа се случила вчера околу 18 часот во Бегалица, населба во белградската општина Грочка. Детето е сериозно повредено, лекарите се борат за неговиот живот.

Несреќата се случила во дворот на семејната куќа, додека таткото го стартувал тракторот со намера на него да поврзе работна машина. Под сè уште неразјаснети околности, момчето, кое било во дворот со својот татко и дедо, се нашло веднаш до возилото.

Таткото не го забележал и го прегазил.

– Сè се случило за секунда. Таткото само сакал да ја поврзе машината, никој не видел кога момчето се прикрало до возилото. Се слушнал крик и семејството веднаш скокнало да му помогне на детето – изјавил извор близок до истрагата.

Повреденото момче е итно префрлено во локалниот здравствен центар, а потоа со возило на брза помош е однесено во болница.

Полицијата спроведе истрага на местото на настанот со цел да ги утврди сите околности.

Поврзани содржини