ЦЕЛОТО БОГАТСТВО НА ЛИАМ ПЕЈН ЌЕ ГО НАСЛЕДИ НЕГОВИОТ СИН Покојниот член на Уан Дирекшн оставил наследство од 27,6 милиони евра

Судските документи потврдуваат дека синот на пејачот и пејачката Шерил Кол ќе го добие поголемиот дел од имотот на својот татко и покрај тоа што Лиам не оставил тестамент

51

Огромната сума што ќе ја наследи деветгодишниот син на Лиам Пејн, Бер, е откриена откако беше објавено дека неговата поранешна партнерка Шерил Кол ја презела контролата врз имотот на пејачот вреден 24 милиони фунти (27,6 милиони евра).

Пејачот трагично почина на 16 октомври 2024 година, откако падна од балкон на хотел во Буенос Аирес, Аргентина. Имаше 31 година.






По неговата смрт, беше објавено дека починал „без тестамент“. Но, британските медиуми сега објавуваат дека прашањето за наследството е решено – The Sun тврди дека Пејн оставил 28.595.000 фунти, од кои, откако се подмирени трошоците и долговите, останале 24.280.000 фунти. Покрај Шерил, судот го назначи адвокатот Ричард Бреј за администратор на неговиот имот.

Беар треба да го наследи целиот имот на својот татко, а „Дејли меил“ тврди дека станува збор за 21 милион фунти. Оваа сума наводно се базира на нови проценки за богатството на музичарот.

– Документите поднесени до Високиот суд покажуваат дека имотот на Лиам може веднаш да се искористи за потребите на Бер Греј Пејн – пишуваат тие. Медиумите претходно објавија дека Шерил имала намера да го организира наследството преку посебни фондации.

Иако Пејн бил во врска со Кејт Касиди во времето на неговата смрт, тие не биле во брак или во невенчана врска, што значи дека Касиди веројатно нема да наследи нешто. Во Велика Британија, само сопружници, регистрирани граѓански партнери и блиски роднини можат да наследат имот на починато лице кога нема тестамент.

Извори блиски до Кол, чие лично богатство се проценува на околу 30 милиони фунти, за разни медиуми изјавуваа дека „таа секогаш ќе го прави она што е исправно за својот сакан син“.

Поврзани содржини