🎥 АПОКАЛИПСА ВО МОСТАР Се запали градската депонија, на жителите им е препорачано да не излегуваат

Градот Мостар предупреди дека материјалите горат во подлабоките слоеви на депонијата, па затоа густ чад со нездрави честички се шири кон населбите.

40

Гори градската депонија во близина на Мостар, а градските власти им препорачаа на граѓаните да останат дома, затоа што аерозагадувањето е опасно.

Градот Мостар предупреди дека материјалите горат во подлабоките слоеви на депонијата, па затоа густ чад со нездрави честички се шири кон населбите.






Големиот пожар зафати и службени простории и депонија за гуми.

Мостарските пожарникари ја гаснат стихијата од утрово со неколку возила, а на терен е и војската. Во гаснењето на пожарот од воздух е вклучен и авион „Ер Трактор“.

На граѓаните им се препорачува да не излегуваат освен ако не е апсолутно неопходно, да ги избегнуваат сите активности на отворено во пошироката област на депонијата и да ги затворат прозорците и вратите на куќите и становите. Посебна претпазливост се препорачува во текот на ноќта и наутро, кога чадот се спушта поблиску до земјата поради временските услови.

На граѓаните во близина на депонијата им се препорачува и да не користат вода од отворени бунари и извори додека надлежните санитарни и епидемиолошки служби не потврдат дека е безбедна за употреба.

Пожарот избувна рано утрово. Во текот на денот се прошири на магацинот и на другите деловни објекти на депонијата. На местото на пожарот се слушнаа и експлозии, за кои локалните медиуми објавија дека доаѓаат од цилиндри за гас.

Сите вработени на депонијата се евакуирани.

На местото на настанот пристигна и градоначалникот на Мостар, Марио Кордиќ, а Сојузното министерство за животна средина и туризам побара да се преземат сите мерки за намалување на последиците врз луѓето и животната средина.

Поврзани содржини