🎥ЧЕТВРТ МИЛИОН ЛУЃЕ ИЗБЕГАА ПРЕД ОГНЕНАТА АПОКАЛИПСА „Совршена бура“ од огин и ветер пустоши низ Франција и Шпанија
Европската Унија испрати авиони и хеликоптери за да им помогнат на двете земји кои се соочуваат со огромни пожари кои засега не можат да ги совладаат.
Повеќе туристи раскажаа за медиумите како нивните летни одмори во Франција и во Шпанија се претворија во панично бегство од разорните шумски пожари. Поради брзото ширење на пожарот, повеќе од 220.000 луѓе мораа да ги напуштат своите домови и одморалиштата.
Туристите раскажуваат како среде ноќ добиле известувања за вонредни ситуации, возеле само неколку метри од пламенот и гледале сцени на луѓе кои бегаат со куфери кон плажите.
Во југозападна Франција и во централна Шпанија, војската е повикана да помогне. Шпанската влада прогласи вонредна состојба низ целата земја.
Пожарот сè уште се разгорува од ветерот и од високите температури, а остриот мирис на чад може да се почувствува на локации далеку од местото на пожарот. Летовите до Бордо и до Мадрид, градовите најблиску до погодените области, засега се одвиваат нормално.
Евакуација среде ноќ
Меѓу туристите кои се најдоа во средината на хаосот е и Зак Морисон. Овој 21-годишник од Лондон пристигна во четвртокот со 10 членови на семејството во Кап Ферет, популарен полуостров југозападно од Бордо. Во петокот навечер, го разбудија две СМС-пораки, во 4 и во 6 часот, со наредба за евакуација „со сите расположиви средства“.
🔥 Devastating #wildfires in #France #Spain force 220,000 evacuations
📍Southwestern France (near Bordeaux, Cap Ferret, Gironde & Landes and
📍Central Spain (west of Madrid & Ávila.
Evacuations: 200,000+ people forced to leave homes. Some escaped Cap Ferret by boat.Area… pic.twitter.com/DA73Gstjzz
— Shafek Koreshe (@shafeKoreshe) July 25, 2026
– Жандармеријата одеше од врата до врата. Изгледаше како филм. Мораше да собереме сè што имавме и да заминеме – изјави тој за Би-Би-Си.
Тој рече дека на почетокот имало паника, но дека евакуацијата на полуостровот била добро организирана. Неговото семејство избегало од еден пожар, но набрзо се нашло на пат кон друг и добило уште неколку известувања за евакуација.
Тие се засолниле на плажата во блискиот Аркашон, а подоцна еден роднина им понудил сместување.
– Луѓето спијат во училишта и во магацини, а на плажите има насобрани групи што дозвола да се преместат. Таму луѓето стојат со своите куфери – додаде Морисон.
Неговиот 11-годишен брат, Нејт, сè уште е потресен од глетката на пожарот. Семејството сега чека инструкции дали можат да го продолжат својот одмор.
– Слушнав дека куќите горат за само еден час. Страшно е, но за жал луѓето овде веќе се навикнуваат на тоа – рече тој.
🔴FRANCE 🇫🇷| #Fire in #Gironde : given the scale of the blaze, 🇫🇷 President #Macron has mobilized the French armed forces to reinforce operations. 22,000 hectares 🌳 have already been devastated by the fires, 40,000 people have been evacuated, and further evacuations are underway pic.twitter.com/41CrqTvMKt
— Nanana365 (@nanana365media) July 25, 2026
Пламен висок колку шесткатница
Дејвид Мортон, директор на училиште од Глостершир, го поминал својот одмор во Кап Ферет со сопругата и двата сина уживајќи во боровите шуми. Но, на петтиот ден од одморот, во петок наутро, сè се променило.
– Нашите телефони трепкаа и звучеа. Пристигна порака дека мора веднаш да се евакуираме по единствениот пат што води од полуостровот. Буквално само фрливме работи во куферите и бевме во изнајмен автомобил во рок од 15 минути – рече 53-годишникот.
Тој рече дека во еден момент биле само 500 метри од главниот пожар.
– Пламените биле повисоки од боровите дрвја, па високи колку зграда од пет или шест ката. Беше јасно дека пожарот е целосно надвор од контрола во тој момент – рече тој.
Семејството останало со пријатели до летот коон дома од Бордо во саботата.
Заробени во празен град
Некои туристи останале отсечени од остатокот од светот. Ребека Папин, Американка со француско потекло, видела голем столб чад во далечината од нејзината куќа во Бискарос во четвртокот.
– Само три часа подоцна, авионите испуштаа вода, хеликоптери летаа над областа, а целиот хоризонт беше ѕид од пламен – вели таа.
Бидејќи властите не издале наредба за евакуација за нејзината област, таа заспала со децата користејќи чепови за уши, што ја спречило да го чуе звукот за време на ноќната евакуација.
– Кога се разбудив наутро, градот беше речиси празен бидејќи сите беа евакуирани, а јас сè уште бев таму. Главните патишта беа затворени бидејќи гореа. Полицијата ме советуваше да не ја напуштам куќата во петокот наутро. Пепел паѓаше од небото како снег – рече таа.
WATCH: Apocalyptic scenes as massive wildfire tears through Biscarrosse, France; 5,000 evacuated pic.twitter.com/2UI5naZQJU
— Rapid Report (@RapidReport2025) July 23, 2026
Некои британски семејства решија да го продолжат својот одмор со преселба 160 километри подалеку. Марк Дори од Лидс со сопругата и трите деца отишле во регионот Дордоња откако беа евакуирани од кампот.
– Моите синови и јас гледавме трибјут бенд на Квин во барот на кампот. Веднаш по изведбата на „Боемска рапсодија“, некој ги прекина и рече дека мора да се евакуираме околу 22 часот – рече тој.
Семејството ја поминало ноќта во спортската сала со стотици други луѓе. Дори вели дека се чувствува среќен што се безбедни, но размислува за одмор „поблиску до дома“ следната година.
Дојдете, но бидете информирани
Иако пожарите не изгледа дека ќе се намалат наскоро, британското Министерство за надворешни работи засега не советува да не се патува во Франција или во Шпанија.
Француската министерка за меѓународни партнерства Елеонора Кароа им порача на туристите дека постојат цели области кои се целосно безбедни.
– Јас сум во Париз и сè е нормално тука, како и во повеќето други региони. Ве молам дојдете во Франција, не ги откажувајте вашите патувања. Но, каде и да сте, бидете информирани за ситуацијата во ваша близина – порача Кароа.
Во југозападна Франција, во регионите Жиронд и Ланд, властите евакуираа околу 200.000 луѓе. Рано изутринава, речиси 60.000 жители мораа да ги напуштат своите домови во близина на Бордо, а претседателот Емануел Макрон ја повика војската да помогне во гаснењето на пожарите.
Пожарот во Жиронд досега проголта повеќе од 19.000 хектари шума и уништи околу 80 куќи. Властите, исто така, го евакуираа целиот полуостров Кап Ферет, популарна туристичка дестинација.
– Никогаш не сме виделе пожар од ваков обем – изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.
Тој додаде дека околу 50 пожарникари се повредени.
Голем пожар беснее и во близина на Бискарос во регионот Ланд, принудувајќи повеќе од 23.000 да ги напуштат своите домови. Градоначалникот на една од најтешко погодените области, Кап Ферет, Филип де Гоневил, рече дека регионот се соочува со екстремни временски услови веќе еден и пол месец, без дожд и со надпросечни температури.
– Ова е без преседан. Ниту ние, ниту пожарникарите досега не сме виделе нешто вакво – рече Де Гоневил.
Францускиот претседател Макрон ја опиша ситуацијата како „многу тензична“, особено во Жиронд, и потврди дека Франција го активирала механизмот за цивилна заштита на Европската Унија и очекува да добие засилување.
💔 Breaking: France Fights Raging Wildfires as Brave Firefighters Race Against Time 🚒🔥🇫🇷#FeuxDeForêt #incendies #Hamel #Gironde #Bordeaux #Landes #Pantani https://t.co/IVp1hnLYAU pic.twitter.com/S4u2NhwNLJ
— 𝙇𝙐𝙉𝘼 𝙑𝙄𝙎𝙏𝘼 🇵🇸 (@alpserene) July 25, 2026
Ситуацијата е драматична и во Шпанија, каде што три големи пожари западно од Мадрид се споија во еден огнене фронт што пожарникарите повеќе не можат да го контролираат.
Околу Мадрид властите се борат да спречат спојување на различни пожарни области. Пожарот веќе предизвика затворање на објектот на американската вселенска агенција НАСА, кој се наоѓа на 65 километри западно од градот.
Претседателката на регионот Мадрид, Изабел Дијаз Ајусо, ја опиша ситуацијата како „најлош пожар во историјата на регионот“, кој се соочува со „совршена бура“ од високи температури, постојани ветрови и спојување на пожарни фронтови.
Шпанската влада прогласи национална вонредна состојба, а покрај евакуацијата на 25.000 луѓе, на уште 40.000 жители им е наложено да не ги напуштаат своите домови.
Пожарите се движат кон општините Робледо де Чавела и Фреснедиљас де ла Олива, на околу 50 километри од главниот град.
– Пожарот е на својот врв и пожарникарите не можат да го локализираат во моментов – изјави Карлос Новило, раководител на службите за итни случаи на регионалната влада на Мадрид.
Повикана е Воената единица за итни случаи (УМЕ) за да се обиде да го спречи ширењето на пламенот.
Властите, исто така, стравуваат дека голем пожар во близина на Бургохондо во соседната покраина Авила би можел да се спои со оној во Мадрид, а министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде-Марласка рече дека се презема сè што е можно за да се спречи тоа.
Европската Унија испрати авиони и хеликоптери за да им помогнат на Шпанија и Франција.
Според Европскиот информативен систем за шумски пожари, оваа година во Европа веќе е изгорено повеќе земјиште од годишниот просек во последните две децении. Европската агенција за животна средина предупреди дека „климатските промени го зголемија ризикот од шумски пожари низ цела Европа“, при што најголемата опасност се очекува на југот од континентот.