НИК РАЈНЕР ОБВИНЕТ ЗА УБИСТВОТО НА СВОИТЕ РОДИТЕЛИ, СО ШОКАНТНО БАРАЊЕ ОД ЗАТВОР Синот на режисерот бара пристап до наследството 

Помладиот син на познатиот режисер Роб Рајнер, кој е обвинет за убиство на своите родители, бара од судот да му дозволи пристап до неговото наследство од 1,5 милиони долари за да ја финансира својата одбрана

5

Холивудската јавност е сè уште потресена и после шест месеци од бруталниот случај на убиство на познатиот режисер Роб Рајнер и неговата сопруга Мишел, за кој е обвинет нивниот син Ник.
Додека чека судење за злосторството што ја шокираше Америка, 32-годишникот поднесе ново барање до судот – тој бара пристап до наследството од милион долари што му го оставиле неговите родители.

Според судските документи, Ник тврди дека има право на половина од 1,5 милиони долари од семејниот фонд што неговите родители го основале за него. Другата половина му следува кога ќе наполни 35 години.






Меѓутоа, сегашниот управител со фондот, адвокатот Пол Канин, наводно одбива да ги исплати средствата, наведувајќи загриженост за способноста на Ник да управува со парите.

Ник тврди дека итно му се потребни пари за да се одбрани во кривичниот случај. Во барањето, тој наведува дека сакал да го ангажира познатиот адвокат Алан Џексон, но управителот на фондот одбил да го финансира неговиот ангажман, па Џексон се откажал од случајот.

– Времето е од суштинско значење – рекол Ник, додавајќи дека нема други извори на финансирање за адвокатски трошоци или основни трошоци за живот додека е во притвор.

Обвинителите го обвинуваат дека ги избодел до смрт татко му, Роб, и мајка му, Мишел, на 14 декември во семејниот дом вреден 13,5 милиони долари во елитната населба Брентвуд во Лос Анџелес, а потоа избегал.

Тој е обвинет за шест кривични дела, вклучувајќи две обвиненија за убиство од прв степен, а Канцеларијата на американскиот обвинител не ја исклучи можноста за барање смртна казна.

Постариот брат на Ник, Џејк Рајнер, додаде дополнителна тежина на целата трагедија, опишувајќи ја во емотивен есеј болката од губењето на родителите и шокот откако дознал дека неговиот помлад брат е обвинет за нивната смрт.

– Таа ноќ изгубивме повеќе од половина од нашето семејство на најнасилен можен начин – напиша Џејк. Тој ги опиша своите родители како „центар на мојот живот“, а својата мајка Мишел ја нарече „срце и столб на целото семејство“.

Неговите зборови дополнително ја потсетија јавноста на размерите на трагедијата што го погоди едно од најпознатите семејства во Холивуд.

Поврзани содржини