📽️ СТАРМЕР ПОДНЕСЕ ОСТАВКА И СЕ РАСПЛАКА Британскиот премиер порача дека сакал да ја промени Британија

Британскиот премиер одржа емотивен говор на Даунинг стрит најавувајќи ја својата оставка. Велејќи дека ќе продолжи да биде добар сопруг тој се расплака и се гушна со неговата сопруга пред да влезат на вратата со број 10.

296

Вратата на Даунинг стрит се затвора за Кир Стармер. Британскиот премиер поднесе оставка по период на растечко незадоволство во Лабуристичката партија и само неколку дена по новите политички потреси во редовите на власта.

– Ќе поминувам повеќе време на најважната работа. Ќе бидам најдобриот можен сопруг за мојата фантастична сопруга Вик… и ќе бидам најдобриот можен татко за моите прекрасни деца, кои се моја гордост и радост – рече Стармер, со солзи во очите и потоа ја гушна неговата сопруга која му пријде пред да влезат во вратата со број 10.






Оставката на Стармер доаѓа откако во неделата шефот на САД Доналд Трамп објави дека „Стармер ќе поднесе оставка по катастрофалниот неуспех во областите на имиграцијата и на енергетиката“.

Емотивно збогување со функцијата

Во своето обраќање Стармер рече дека доаѓањето на власт било моментот со кој најмногу се гордее.

– Свртивме нова страница во историјата на нашата земја по години разочарување и очај. Тоа беше можност да ги промениме животите на милиони луѓе на подобро. Затоа влегов во политиката – изјави Стармер.

Тој потсети дека пред шест години ја презел Лабуристичката партија во тежок период.

– Постојано ми кажуваа дека мојата партија е завршена и дека победа на избори е невозможна мисија – рече британскиот премиер во заминување.

 

„Им докажавме дека грешат“

Стармер оцени дека лабуристите успеале да ја обноват довербата кај гласачите.

– Им докажавме дека грешат затоа што фундаментално ја променивме нашата партија. Го искоренивме отровот на антисемитизмот и ја вративме довербата во нашите политики за економијата, одбраната и националната безбедност – порача тој.

Според него, целта никогаш не била освојување власт по секоја цена, туку создавање пофер општество.

На крајот од говорот Стармер се расплакал.

Фото: Принтскрин

Притисокот растеше со месеци

Незадоволството во Лабуристичката партија подолго време растело, а дополнителен удар претставувала убедливата победа на Енди Барнам на дополнителните парламентарни избори во Мејкерфилд.

Барнам, актуелен градоначалник на Голем Манчестер и поранешен министер, со победата повторно се враќа во британскиот парламент.

Дел од лабуристите сметаат дека токму тој би можел поуспешно да се спротивстави на партијата Реформ УК и на нејзиниот лидер Најџел Фараж.

ТРАМП ЈА НАЈАВИ ОСТАВКАТА НА СТАРМЕР „Тој доживеа катастрофален неуспех по две многу важни прашања“

 

Поврзани содржини