ОД ПОНЕДЕЛНИК НЕСТАБИЛНО ВРЕМЕ СО ДОЖД Врнежите ќе бидат пообилни во вторник и во среда
Од понеделник следува период на променливо облачно и нестабилно време со врнежи од дожд, пообилни во вторник и среда (наместа над 15 l/m²).
Како што соопшти УХМР, локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со пороен дожд, засилен ветер и грмежи и услови за појава на град. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец.
Утре претпладне времето ќе биде сончево и топло, а во попладневните часови во северозападните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени.
Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 36 степени.