ПОВРЕДЕН ПОЖАРНИКАР ПРИ ГАСНЕЊЕ ПОЖАР ВО ВИЗБЕГОВО Настанала ненадејна експлозија
Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и на увото и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека при денешната интервенција на пожар во селото Визбегово, Општина Бутел, во кој гореле дива депонија и сува трева, дошло до ненадејна експлозија, при што е повреден еден пожарникар.
– Неговата состојба е стабилна и тој е вон животна опасност. Од Бригадата за противпожарна заштита – Скопје информираат дека пожарникарот се здобил со повреди на ногата и на увото и е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – посочуваат од ЦУК.
Причината за експлозијата сè уште не е утврдена. Според првичните претпоставки, можно е да станува збор за експлозија на боца под притисок.