ОРМУСКИОТ ТЕСНЕЦ ПОВТОРНО ЗАТВОРЕН Причина се нападите на Изрел врз Либан

Во соопштение на Командата емитувано на Иранската државна телевизија, се наведува дека доколку продолжи израелската агресија во Либан, ќе бидат преземени и дополнителни чекори.

1

Заедничката воена команда на Иран денеска соопшти дека Ормуската Теснина повторно е затворена за пловидба, притоа наведувајќи ја како причина за таквата одлука продолжувањето на израелските напади во Либан и, како што се посочува, неисполнувањето на американската обврска да го окончи тој конфликт.

Во соопштение на Командата емитувано на Иранската државна телевизија, се наведува дека доколку продолжи израелската агресија во Либан, ќе бидат преземени и дополнителни чекори.






Претходно оваа седмица бродовите почнаа повторно да пловат низ Ормус откако беше склучен привремениот договор меѓу САД и Иран.

Во денешните израелски напади врз јужен Либан загинаа најмалку 16 лица, само неколку часа по извештаите дека е постигнат договор за прекин на огнот.

Поврзани содржини