ТРАМП СПРЕМА ЧИСТКА ВО АМЕРИКАНСКОТО РАЗУЗНАВАЊЕ Стотици работни места ќе бидат укинати

Бил Пулти, кој дојде на местото на Тулси Габард, уште на првиот работен ден во четвртокот побарал список со сите вработени за да процени кои позиции треба да бидат укинати.

0

Вршителот на должноста директор на американската Национална разузнавачка служба, Бил Пулти, планира да укине стотици работни места во оваа агенција, објави Си-Ен-Ен (CNN), повикувајќи се на информации од два извора запознаени со ситуацијата. Според нивните тврдења, Пулти пристигнал рано во својата нова канцеларија уште во четвртокот и веднаш побарал список со сите вработени за да процени кои позиции треба да бидат укинати.

Американскиот претседател Доналд Трамп го именуваше Пулти за привремен директор во текот на оваа недела, поставувајќи политички лојален кадар без претходно искуство во секторот за национална безбедност на чело на обемната разузнавачка заедница, и тоа во време на активни војни и глобални тензии. Од оваа позиција, тој ќе ги надгледува клучните разузнавачки тела во земјата, вклучувајќи ги ЦИА и Националната безбедносна агенција (НСА).






Си-Ен-Ен наведува дека Пулти веднаш по пристигнувањето одржал средби со правните тимови и со вработените.

Пулти доаѓа на местото на Тулси Габард, која поднесе оставка минатиот месец, а чиј последен работен ден на функцијата е токму денеска, 19 јуни 2026 година.

Вработените во службата веќе биле предупредени да очекуваат значителни кратења во претстојните месеци, откако Трамп јасно изрази желба привремениот директор радикално да го намали бројот на кадрите во разузнавачкиот сектор.

Поврзани содржини