10 НЕДЕЛИ БЕЗ СЕКС ЗА ТИТУЛА Шок-барање од газдата на Никс, ветени и награди за партнерките за „сушниот“ период

Карл-Ентони Таунс откри дека сопственикот на Њујорк Никс, Џејмс Долан, им предложил на играчите десет недели целосно да се посветат на кошарката и да се воздржат од интимни односи за време на плејофот.

294

Ѕвездата на НБА-лигашот Њујорк Никс, Карл-Ентони Таунс, откри необичен детал од атмосферата во клубот за време на плејофот, раскажувајќи за советот што кошаркарите го добиле од сопственикот на франшизата, Џејмс Долан.

Во гостување во емисијата на Хауард Стерн, Таунс откри дека Долан им предложил на играчите десет недели целосно да се посветат на кошарката и, меѓу другото, привремено да се откажат од интимните односи со своите сопруги и партнерки.






Според кошаркарот, сопственикот верувал дека ваквата дисциплина може да им донесе дополнителна предност во битката за шампионската титула.

– Кога се вратив дома и ѝ кажав на мојата свршеница што предложил сопственикот, таа дефинитивно не беше воодушевена – изјавил Таунс низ смеа, алудирајќи дека не го послушал советот.

Приказната првпат излезе во јавноста преку подкастот на кошаркарите Џејлен Брансон и Џош Харт, кои открија дека Долан одржал мотивациски говор пред тимот.

Во обраќањето, сопственикот ги споредил играчите со спартанските воини и нагласил дека самоконтролата, дисциплината и максималната посветеност можат да бидат клучни фактори во походот кон шампионскиот прстен.

Дополнително, Долан им ветил дека доколку Никс ја освојат титулата, клубот ќе обезбеди шампионски прстени и за сопругите и партнерките на кошаркарите како награда за нивната поддршка за време на плејофот.

Поврзани содржини