📽️ КОЛУМБИЈА НЕ ПОГРЕШИ, ГАНА УДРИ ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕКУНДИ Африканците ја шокираа Панама со гол во судиското продолжение
Колумбија со 3-1 го совлада Узбекистан и го презеде врвот во групата К, додека Гана со гол во судиското продолжение ја победи Панама и се израмни со Англија на врвот во групата Л.
Колумбија и Гана ги запишаа првите победи на Светското првенство 2026, откако ноќеска по македонско време ги совладаа Узбекистан и Панама во натпреварите од групите К и Л.
Колумбиската репрезентација одигра сигурен натпревар во Мексико Сити и славеше со 3-1 против Узбекистан. За јужноамериканскиот состав погодија Даниел Муњоз, Луис Дијаз и Хаминтон Кампас, додека единствениот погодок за Узбекистан го постигна Абосбек Фајзулаев.
Со освоените три бода, Колумбија се искачи на врвот во групата К. Португалија и ДР Конго имаат по еден бод, додека Узбекистан останува на дното без освоени поени.
Далеку повеќе драма имаше во Торонто, каде Гана дојде до победа над Панама со минимални 1-0. Кога сите очекуваа поделба на бодовите, Калеб Јиренки во петтата минута од судиското продолжение ја затресе мрежата на Панамците и донесе огромна радост за африканската селекција.
Благодарение на триумфот, Гана се израмни со Англија на врвот во групата Л со по три бода, додека Панама и Хрватска останаа без бодовно салдо по првото коло.
Во следната рунда нè очекува вистински спектакл, бидејќи Гана ќе се соочи со Англија во битка за лидерската позиција, додека Панама ќе бара поправен против Хрватска.