ЌЕ СЕ БАРА ПСИХИЈАТРИСКО ВЕШТАЧЕЊЕ ЗА ПОТПАЛУВАЧОТ НА ВОЗИЛАТА НА БУГАРСКАТА АМБАСАДА Има индиции за влошена психичка состојба

Скопјанецот И.Д.С.(44) пред судијата на претходна постапка го признал делото.

175

Потпалувачот на возилата со дипломатски таблички во сопственост на бугарската амбасада паркирани пред нејзиниот влез најверојатно ќе оди на психијатриско вештачење.

Неговата адвокатка по службена должност Лидија Ристовска изјави дека ќе достави такво барање до судот, врз основа на досегашните сознанија на одбраната.






Адвокатката на осомничениот вели дека тој има лекарска документација за влошена психичка состојба, а неговата мајка телефонски ја информирала за неговата здравствена состојба. Освен тоа, тој неодамна доживеал сообраќајна несреќа, која исто така се одразила врз неговата вкупна прихофизичка состојба.

– Според ова, веројатно дека ќе се побара психијатриско вештачење за осомничениот – изјави Ристовска за весникот Вечер.

Скопјанецот И.Д.С.(44) пред судијата на претходна постапка признал дека во понеделникот се качил на автобус од Драчево, се симнал во Центар, отишол кај бензинската пумпа отспротива, наполнил бензин во шише и ги полил возилата паркирани пред амбасадата.

Судот одлучи да го прифати барањето на обвинителството и му определи притвор од осум дена време потребно да се соберат сите докази со кои осомничениот скопјанец ќе се изведе пред судот во брза постапка.

Премиерот Христијан Мицкоски и министерот за внатрешни работи остро го осудија инцидентот и изразија уверување дека брзо ќе биде расветлен.

Поврзани содржини