УКРАИНЦИТЕ ПОГОДИЈА РУСКИ ТАНКЕР ВО ЦРНОТО МОРЕ Бил дел од руската „Флота во сенка“
Во објавата се наведува и дека украинските сили погодиле мост преку Северниот Кримски канал во близина на селото Ставки, како и мост во близина на Војнка во окупираниот дел од Херсонската област.
Вооружените сили на Украина го погодија танкерот „ФИНА А“ во Црно Море, кој е во составот на руската „флота во сенка“, објави Генералштабот на украинската армија.
„Целта е успешно погодена, а во моментот се проценува обемот на штетата“, објави украинскиот Генералштаб на Телеграм.
Во објавата се наведува и дека украинските сили погодиле мост преку Северниот Кримски канал во близина на селото Ставки, како и мост во близина на Војнка во окупираниот дел од Херсонската област.