„АКО НЕ МИ Е ПО ЌЕЈФ ДОГОВОРОТ? БОМБИ“ Трамп предупреди дека не е сè докрај испеглано во документот
Шефот на САД преупреди дека САД повторно ќе прибегнат кон воени дејства ако не биде задоволен од конечниот договор што треба да се потпише в петок во Швајцарија.
Претседателот на САД Доналд Трамп изјави дека рамковниот договор со Иран сè уште не е конечен и дека неговата судбина ќе зависи од однесувањето на Техеран, пренесува Би-Би-Си.
Говорејќи на самитот на Г7 во Франција, Трамп порача:
– Ако не се однесуваат добро, ќе се вратиме на фрлање бомби директно во нивната глава – рече Трамп.
Изјавата доаѓа пред средбата меѓу американските и иранските претставници во Швајцарија, каде в петок се очекува да биде потпишан договорот или меморандум чии детали сè уште не се официјално објавени.
Според досегашните информации, докментот предвидува постепено олеснување на санкциите и отворање пат за големи инвестиции во Иран.
Во меѓувреме, Техеран го обвини Израел за прекршување на примирјето во Либан и предупреди дека нова ескалација би можела да ги загрози дипломатските напори.
Од друга страна, претседателот на Иран Масуд Пезешкијан изјави дека рамковниот документ е шанса која Иран не смее да ја пропушти. Медиумите ја коментираат една од 14. точки од нацртот која предвидува формирање приватен фонд од 300 милијарди долари кои Иран би ги добивал сукцесивно со исполнувањето на обврските од договореното.