НЕСТАБИЛНОСТА СЕ ДВИЖИ НИЗ МАКЕДОНИЈА Облаците се движат кон Скопската Котлина

Нестабилната облачност од Ресен се движи кон Преспанскиот регион. Нестабилност има и во регионот на Македонска Каменица.

202

Нестабилноста во Ресенскиот регион е проследена со силен пороен дожд, силни електрични празнења, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.

Нестабилната облачност од Ресен се движи кон Преспанскиот регион. Нестабилност има и во регионот на Македонска Каменица.






На останатиот дел од Македонија според радарската слика нестабилност има северно од Скопската Котлина и на североистокот, истокот и западно од Кочани претежно во планинските предели.

Претходно, на истокот од Македонија, во Делчево и околниот регион, како и по пограничните планински предели, имаше нестабилна облачна маса проследена со пороен дожд, грмежи и наместа појава на суградица.

За денешниот ден (17 јуни 2026) беа најавени интензивни атмосферски процеси, појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и со појава на град.

И во делови од Скопскиот регион се очекува појава на невреме проследено со обилен пороен дожд, силен ветер, силни електрични празнења и град.

Поврзани содржини