ПАДНА АВТОБУСКО СТОЈАЛИШТЕ ВРЗ 12-ГОДИШНО ДЕТЕ ВО СРБИЈА Момчето е во критична состојба
Детето е примено во детската болница во Белград, каде што лекарите се борат за неговиот живот, откако врз него падна тешка конструкција од автобуска станица во Младеновац.
Момче на 12-годишна возраст од Младеновац, Србија, се здоби со тешки телесни повреди и се бори за живот откако синоќа врз него се урна структура од автобуско стојалиште.
Детето е примено во детската болница во Белград во критична состојба, каде што лекарите се борат за неговиот живот, пишуваат српските медиуми.
Според сведоците, несреќата се случила ненадејно.
– Во еден момент, момчето се фати на структурата од стојалуштето, па масивната структура целосно попушти и се урна директно врз него – изјавиле очевидци.
Екипа на брза помош брзо пристигнала на местото на настанот и го пренела тешко повреденото момче во надлежната детска клиника во Белград. Полицијата и надлежното државно обвинителство се известени за случајот, а истрагата е во тек.