📽️ КАМЕРИТЕ НЕ ПРОПУШТИЈА НИШТО! Необичниот поздрав на Зеленски и Мелони стана хит на интернет

Кратката интеракција меѓу украинскиот претседател и италијанската премиерка на самитот во Евијан стана тема на бројни коментари на интернет.

375

Краток момент од поздравот меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и италијанската премиерка Џорџа Мелони на самитот на Г7 во францускиот град Евијан предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.

На видеоснимките што се шират на интернет се гледа како двајцата лидери се поздравуваат пред почетокот на работните состаноци, по што дел од корисниците почнаа да коментираат за нивната комуникација и говорот на телото.






Камерите го забележаа моментот кога, за време на нивниот поздрав, Зеленски речиси се приближи да ја бакне Мелони, по што таа брзо реагираше и го сврте образот, со кратка, видливо непријатна реакција.

Во меѓувреме, вниманието на јавноста на самитот беше насочено и кон разговорите за војната во Украина, односите меѓу западните сојузници и можните дипломатски иницијативи за прекин на конфликтот. Украинскиот претседател одржа повеќе средби со светските лидери во рамки на собирот.

Лидерите на Г7 во Евијан разговараа за војната во Украина, состојбата на Блискиот Исток, глобалната економија, трговските предизвици и развојот на вештачката интелигенција.

 

Поврзани содржини