🎥АКО БАНКОМАТОТ НЕ ДАВА ПАРИ, ЗЕМИ ПОГОЛЕМА СЕКИРА! Ресенчанец решен да подигне кеш како знае и умее
Не е познато што го мотивирало или разлутило ресечанценот за да посегне по вакво „ладно оружје“ против банкарскиот апарат за готовина.
На социјалните мрежи се појави видео-снимка од надзорни камери во Ресен, на која се гледа како граѓанин со секира разбива банкомат на една македонска банка.
Не е познато што го мотивирало или разлутило ресечанценот за да посегне по вакво „ладно оружје“ против банкарскиот апарат за готовина. Дали апаратот „му ја голтнал“ картичката, дали не му го прифаќа пинот, или му покажува дека картичката е празна, а нему му е зорт за кеш? Или, едноставно, итно му требаат пари, а банкоматот мора да ги има, нели.
Засега нема информации дали ресенската полиција го видела видеото и дали го идентификувала сторителот.