ВОЗЕЛА 142 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС КАДЕ ШТО Е 50 ДОЗВОЛЕНО Жената е приведена и ѝ е одземено возилото

Радарска контрола на регионалниот пат кај селото Рајца открила дека 24-годишната возачка се движела со 92 километри на час над дозволената брзина. По насоки на јавен обвинител, автомобилот е одземен.

0

24-годишна жена од ресенското село Подмочани е лишена од слобода откако била фатена како управува автомобил со брзина од 142 километри на час на делница каде што ограничувањето е 50 километри на час.

Случајот бил откриен на 19 октомври, во 14:30 часот, за време на сообраќајна контрола со радар на регионалниот пат во близина на селото Рајца, во ресенскиот регион. Полициските службеници од ОВР Ресен констатирале дека 24-годишната Е.Н. управувала патничко возило „ауди“ со ресенски регистарски ознаки, движејќи се со брзина речиси трипати поголема од дозволената.






За случајот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, по чии насоки возилото е одземено.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против жената ќе биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување со моторно возило, согласно член 297-а од Кривичниот законик.

Поврзани содржини