ИРАН ЌЕ ИМ ДОЗВОЛИ ВЛЕЗ НА НУКЛЕАРНИТЕ ИНСПЕКТОРИ Останува да се решат технички детали поврзани со спроведувањето на договорот

По повеќенеделни преговори, Вашингтон и Техеран постигнаа рамковен договор чија цел е прекин на војната, а неговото формално потпишување е предвидено за в петок во Швајцарија.

112

Иран ќе им дозволи на меѓународните нуклеарни инспектори повторно да влезат во земјата во рамки на рамковниот договор постигнат со САД, изјави американскиот потпретседател Џеј Ди Венс.

– Да, апсолутно – одговори Венс на прашање на новинар на Ен-Би-Си Њуз (NBC News) дали инспекторите ќе се вратат во Иран.






Тој додаде дека еден од клучните елементи на договорот е соработката меѓу Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), САД и Иран во процесот на демонтажа на иранските резерви на високо збогатен ураниум. Според Венс, тоа е „многу јасно наведено“ во меморандумот за разбирање.

По повеќенеделни преговори, Вашингтон и Техеран постигнаа рамковен договор чија цел е прекин на војната, а неговото формално потпишување е предвидено за в петок во Швајцарија.

Венс изјави дека текстот на договорот ќе биде објавен по церемонијата на потпишување. Тој додаде дека остануваат да се решат одредени технички детали, главно поврзани со спроведувањето, а не со самата содржина на договорот. Тој истакна и дека в петок би можел да биде договорен датумот за почеток на нуклеарните инспекции.

Во одвоено интервју за Си-Ен-Ен (CNN), Венс изјави дека „најдобрата работа во врска со напредокот постигнат во последните недели“ се знаците за промени во иранското политичко и воено раководство. Според него, дури и во рамките на моќниот Корпус на Исламската револуционерна гарда постојат гласови кои признаваат дека иранскиот пристап кон САД во изминатите 47 години бил погрешен и дека е потребен нов пристап.

Поврзани содржини