СОМНЕЖ ЗА ВДИШУВАЊЕ ЛЕПАК Три деца пронајдени во бессознание во Куманово
Првичните информации велат дека постои сомнение дека малолетниците се затруле по вдишување лепак, а полицијата работи на целосно расчистување на случајот.
Три малолетни деца – 15-годишно девојче и нејзините двајца браќа на возраст од 12 и 9 години – биле пронајдени без реакција на допир на улицата Професор Мијалковиќ во Куманово, информираа денеска од СВР Куманово.
Според полицијата, случајот бил пријавен вчера околу 10:40 часот. По добиената пријава, децата веднаш биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде што им била укажана лекарска помош.
Според првичните сознанија, постои сомнение дека малолетниците се затруле по вдишување лепак, но точните околности и причините за нивната состојба сè уште се утврдуваат.
Од СВР Куманово информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.