СРАМЕН СКАНДАЛ • СДСМ БУГАРАШКИ ЈА РЕВИДИРА И ПРИКАЗНАТА ЗА МАСАКРОТ ВО ВАТАША Стрелањето на 12 младинци било „идеолошка војна“?!

Новиот наратив за едно од најголемите злосторства на бугарските фашисти во Македонија е пласиран во соопштение на организацијата на СДСМ од Свети Николе.

266

Убиствата, како масакрот пред 83 години во селото Ваташа, каде згаснаа 12 млади животи, стрелани од 56-от Велешки пешадиски полк на бугарската армија, „не се вршени на национална основа помеѓу Македонци, Бугари, Срби, Албанци, туку е тоа период на идеолошка војна помеѓу подржувачите на комунистичкото и партизанското движење од една страна и врховисти, усташи, балисти и четници од друга страна“.

Ова тврдење е пласирано во соопштение на локалната организација на СДСМ од Свети Николе. Овој наратив е ревизија на историската вистина за едно од најгнасните злосторства на бугарската фашистичка војска во текот на Втората светска војна во Македонија. Овој поглед на нештата е целосно во склад со начинот на кој бугарската официјална историографија гледа на овој период и на улогата на бугарската фашистичка власт во окупираните територии.






Во соопштението на СДСМ од Свети Николе на масакрот во Ваташа се гледа „од денешен аспект“ и се прифаќа тезата дека злосторствата на бугарските фашисти биле „идеолошка војна“.

Како поткрепа на оваа бугарашка теза, СДСМ од Свети Николе нагласува дека во 1945 година народниот суд во Кавадарци го осудува на смрт полковникот што командувал со единицата што го извршила масакрот во Ваташа, а во исто време комунистичка власт во Бугарија „егзекутура илјадиници припадници на фашистичкиот режим во самата Бугарија“.

Очигледно е дека додека раководството на СДСМ сè повеќе се приклонува кон официјалната негаторска политика на Софија кон Македонија, на локално ниво функционери и активисти на оваа партија веќе ги прифаќаат наративите што бугарските политичари и историчари ги наметнуваат како услов за прием на Македонија во ЕУ.

Поврзани содржини