ФОН ДЕР ЛАЈЕН СО ГНЕВ И ЗАКАНИ КОН РУСИЈА „Единствен интерес на Москва се насилството и разурнувањето“
Фон дер Лајен во својата објава го спомнува нападот врз Киевско-печерска лавра, локалитет под заштита на УНЕСКО, за кој Русија енергично демантираше дека е нејзино дело. - обвини Лајен.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска најави дека на самитот на Г7 во Евијан ќе се разгледуваат нови чекори за зголемување на притисокот врз Русија, како да се донесе претседателот на Русија Владимир Путин на преговарачка маса и како да се стави крај на војната.
„Тешки руски напади врз Украина синоќа, со повеќе загинати цивили и сериозно оштетена Киевско-печерска лавра, локалитет под заштита на УНЕСКО и еден од најстарите и најзначајните православни манастирски комплекси. Денеска лидерите на Г7 се состануваат во Евијан, каде што ќе разговараме за следните чекори за зголемување на притисокот врз Русија, носење на Путин на преговарачка маса и ставање крај на ова бесмислено убивање“, објави Фон дер Лајен на X.
Таа порача дека Европа сака мир, но оти украинскиот народ го сака тоа најмногу.
„Европа сака мир. Но, никој повеќе од украинскиот народ. Русија, од друга страна, уште еднаш покажа дека нејзиниот единствен интерес се насилството и разурнувањето“, додава Лајен.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска соопшти дека украинската државна служба за вонредни состојби го изгаснала пожарот на покривот на Успенскиот соборен храм во Киевско-печерската лавра, кој, како што се тврди, избувнал по рускиот напад врз Киев.
„Отстранувањето на последиците од руските напади е во тек во Киев, како и во Харков“, наведе Зеленски на Фејсбук.
📽️ КОЈ ГО ПОГОДИ МАНАСТИРОТ СТАР 1.000 ГОДИНИ ВО КИЕВ? Москва впери прст кон ракетите „Патриот“