НОРВЕЖАНИН ВЛЕГОЛ ВО КАСАРНАТА „ИЛИНДЕН“, ПОЛИЦИЈАТА ГО УАПСИ Рекол дека следел мапа и случајно влегол во воениот објект
Е.К.Т.(28) од Норвешка е под сомнение за сторено кривично дело Неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства.
Полицијата уапси норвешки државјанин затоа што неовластено влегол во касарната „Илинден“ во Скопје.
„На 14.6.2026 година во 15:30 часот во касарната „Илинден“ полициски службеници го лишија од слобода Е.К.Т.(28) од Норвешка, поради сомнение за сторено кривично дело по член 350 од Кривичниот законик – Неовластено влегување во воени објекти и правење скици или цртежи на воени објекти и борбени средства. Тој е задржан во Полициската станица Карпош, каде изјавил дека следејќи координати на мапа случајно влегол во кругот на касарната. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, соопшти полицијата.